ЏАМБАЗОВ, Александар (с. Стапар, Војводина, 3. Ⅱ 1936) – диригент и композитор. Музичка академија завршил во Белград. Работел во МРТ, како диригент на Танцовиот и ревискиот оркес-Александар Џамбазов тар. Реализирал огромен број студиски снимки и концерти во живо. Како автор, покрај доминантниот придонес во сферите на т.н. популарна музика, создал голем број детски песни, го основал фестивалот „Златно славејче“, а творец е и на дела од класичната музика. Пишувал и сценска музика (за филмот „Мементо“, за драмските претстави „Мајка“, „Двајца на нишалка“ и др., како и за детски претстави). Од класичните композиции треба да се издвојат „Рапсодија за Скопје“ за пијано и симфониски оркестар (1966), „Седум танцови варијации за пијано и оркестар“ (1977) и др. Напишал и повеќе хорски композиции. М. Кол. Игор Џамбазов