ЧАКОВ, Михаил (Гуменџа, 16. Ⅲ 1873 – Софија, 17. Ⅸ 1938) – учител, илинденски војвода. Завршил Ⅵ клас гимназија во Солун. Бил учител во с. Тумба, Ениџевардарско. Во ТМОРО влегол од 1897 г. Бил во четата на М. Попето (1899 –1900), потоа самостоен војвода во Петричко, Драмско, Серско, Кумановско и во Велешко (1901– 1908). Учествувал во Балканските и во Првата светска војна. ИЗВ. и ЛИТ.: Гоце Делчев, Спомени, документи, материали, Софи®, 1978; Х. Сил®нов, Освободителните борби на Македония, И, 475, Ⅱ, 594, София, 1983. Ал. Тр.