БИЛТЕН

БИЛТЕН“ (Скопје и Дебарца, септември 1942 – 1943) – орган на Главниот штаб на НОПОМ. Објавени се два двоброја на македонски јазик. Првиот двоброј е објавен во Скопје на циклостил, а вториот двоброј на слободната територија во Дебарца во Печатницата „Гоце Делчев“. Содржи написи за воено-политичката состојба во светот и кај нас, како и за акциите на партизанските одреди. ЛИТ.: Д-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печат и новинарство (од првите почетоци до 1945 година), Скопје, 1980, 424–425. С. Мл. „Билтен“, орган на ПК на КПЈ за Македонија (1942)