ЦРВИ, СПЛЕСКАНИ

ЦРВИ, СПЛЕСКАНИ (Платхелминтхес) – црви со лентовиден или листовиден облик на телото, со димензии од неколку до 10 мм. Познати се преку 15.000 видови. Некои живеат слободни, а други како паразити. Во Ма-Сплескан црв кедонија овој тип без’рбетни животни се претставени со 85 видови, од кои 35 се ендемични. Поделени се во три класи: трепчести црви (Турбеллариа), метили (Трематода) и тении (Цестода). Кај трепчестите црви утврдени се 65 видови; најголем број живеат во Охридското Езеро, 48 видови, од кои, 33 се ендемични. Постојат податоци за слободните трепчести црви од редот троцревни трепчести црви (Трицладида), од неистечните води, особено во големите езера каде што се утврдени 40 видови, а од нив, 25 се ендемични. Од редот правоцревни трепчести црви (Рхабдоцоела), проучувани во Охридското Езеро, утврдени се 24 вида, од кои 10 се ендемични. Од редот нерамноцревни трепчести црви (Аллоеоцоела) познат е само еден вид во Македонија, Плагиостомум лемани Форрел & ду Плессис, од Охридското Езеро. Типот сплескани црви има и паразитски видови од класите метили (Трематода) и Тении (Цестода); тие се недоволно проучени и се застапени со по 10 видови. ЛИТ.: Синиса Станковиц, Турбеллариес Трицладес ендемиљуес ноувеауџ ду лац д’Охрид, Арх. Хѕдробиол., Стуттгарт, 1969, 65(4): 413–435; Синиса Станковиц, Ј. Комарек, Дие Суссњассертрикладен дес Њестбалканс унд дие зоогеограпхисцхен Проблемс дисер Гегент, Зоол. Јахрб. Абт. Сѕст., Јена, 1927, 53: 597–674; Владимир Крпац, Бранислава Михајлова, Биодиверситѕ оф Мацедониа фром а виењ поинт оф хитхерто фаунистиц инвестигатионс. Партиципатион њитх Ундерпројецт: Класс Инсецта, Мацедониан Мусеум оф Натурал Хисторѕ – Министрѕ оф Сциенце, Финал Репорт, Скопје, 1999, 23-30; група автори, Цоунтрѕ Стадѕ фор биодиверситѕ оф тхе Републиц оф Мацедониа (фирст натионал репорт), Министрѕ оф енвиронмент анд пхѕсицал планнинг, Скопје, 2003. В. Т. К. – М. Кр.