ХРИСТОВ-ОФИЦЕРЧЕТО, Тодор

ХРИСТОВ-ОФИЦЕРЧЕТО, Тодор (Софија, 20. И 1883 – 1903) – револуционерен деец и велешки војвода на ТМОРО. Завршил вое-но училиште во Софија. Како бугарски кавалериски потпоручник на И пешадиски кавалериски дивизион, на Смилевскиот конгрес Тодор ХристовОфицерчето (12-17. Ⅴ 1903) бил избран за воен специјалист при штабот на Илинденското востание. Бил раководител на леарниците за бомби во Битолско и Крушевско. Во Илинденското востание, при нападот на Крушево, командувал со Седмиот (селски) востанички одред од 20 борци од селата Селце, Обршани и Вранче. По ослободувањето на градот ја координирал градбата на фортификациските објекти за одбрана и ги дал нацртите за изработката на црешовото топче. ЛИТ.: Историја на Крушево и Крушевско, кн. 1., Крушево, 1978; Илинденскопреображенското вљстание от 1903 г. Воена подготовка и провеждане, Софиџ, 1992. С. Мл. Дамјан Христовски