ХАЏИВАСИЛЕВ, Киро

ХАЏИВАСИЛЕВ, Киро (Кавадарци, 1921 – Охрид, 2000) – учесник во НОБ, политичар, публицист и општественик. Во НОБ бил борец во Втората НОУ бригада. Во 1944 г. во Горно Врановци се вклучил во уредувачкиот тим на в. „Нова Македонија“. Бил министер за образование во Владата на СРМ, претседател на Советот за политички систем, потпретседател на Сојузното собрание, член на Претседателството на ЦК на СКЈ како претставник од СРМ. Објавил повеќе научни студии, а меѓу монографските позначајни се: Социјализмот и националното прашање и Судбината на социјализмот. Во последнава ги разгледува проблемите на производствените односи во Југославија. ИЗВ.: Извори за Ослободителната војна и Револуцијата во Македонија 1941-1945, т. И, кн. 2, Скопје, 1968, кн. 5, 1975. ЛИТ.: Новица Велјановски, Македонија 1945-1991. Државност и независност, Скопје, 2002. Н. В. Мито Хаџивасилев-Јасмин ХАЏИВАСИЛЕВ-ЈАСМИН, Ми-то (Кавадарци, 21. ⅩⅠⅠ 1922 – Брела, Макарска, Хрватска 1. Ⅷ 1968) – учесник во НОБ, новинар, комунистички деец и теоретичар, публицист, политичар и државник. Завршил гимназија во Битола, а студирал на Правниот факултет во Белград. Бил член на КПЈ (1940), на МК на КПЈ и секретар на МК на СКОЈ во Кавадарци, поради што и бил апсен (1941). Подоцна преминал во илегалство (1942) и бил еден од организаторите на НОБ во Тиквешијата: член на Третиот областен комитет на КПМ, заменик политички секретар на Третата оперативна зона на НОВ и ПОМ и заменик политички комесар на Втората македонска НОУБ. По Ослободувањето бил член на Обласниот комитет на НОО во Битола, директор и главен уредник на в. „Нова Македонија“ (1945–47 и 1962) и на партиските органи „Партиски живот“, „Социјалистичка зора“ и „Погледи“; началник на Уредот за информации при Претседателството на Владата на НРМ, републички и сојузен пратеник, секретар на Извршниот совет на СРМ, член на Главниот одбор на ССРНМ, прв претседател на Здружението на новинарите на Македонија, член на ЦК на СКЈ, на Извршниот комитет и на Претседателството на ЦК на СКМ, претседател на Идеолошката комисија на ЦК на СКМ, и претседател на Собранието на СРМ. Објавил повеќе книги и брошури со теоретско-политичка содржина. Неговото име го носи наградата за новинарство во РМ, што се доделува секоја година. БИБ.: Односите меѓу социјалистичките земји и проблемот на мирот, Скопје, 1950; Десет години од Првото заседание на АСНОМ, Десетгодишнина на Народна Република Македонија, АСНОМ 1944– 1954, Скопје, 1954, 5–9; О противречностима социјализма, Београд, 1958; Одраз–израз, Скопје, 1958; Свртени кон човекот, Скопје, 1959; Социјалистичка расподела према раду, Београд, 1961; Кавадарци во април 1941, Четириесет години 1941-1945, кн. 5, Скопје, 1962, 94-96; Социјалистичката распределба според трудот, Скопје, 1962; Партиското советување во селото Фуштани, на истото место, 531–533; Непосредната демократија и Сојузот на комунистите, Скопје, 1964; Велика историска прекретница, Београд, 1968; Очовечување на човекот, Скопје, 1969; СКЈ во борбата за самоуправување, Скопје, 1969; Противречностите на социјализмот, Скопје, 1969; Тежок, но славен пат, Втора македонска ударна бригада, Скопје, 1973, 12–19; Собрани дела, И–В, Скопје, 1982. ЛИТ.: Втора македонска ударна бригаде. Сеќавања и документи, Скопје, 1973; Тиквешијата во НОВ 1941-1945, кн. прва-седма, Кавадарци-Неготино, 1983-1984. С. Мл. Стојо Хаџиев