ХАРИТОН

ХАРИТОН – јеромонах, охридски архиепископ (21. Ⅹ 1641 – 1651). Игуменот Герман на кременишкиот манастир „Успение Богородично“ од Костурско добил потпишана грамота од него како архиепископ, наменета за рускиот цар. Има и други зачувани грамоти со негов архиепископски пот-пис, наменети за неговите владици што оделе да собираат милостиња во Русија (кариополскиот епископ Неофит – 1644–1645, гревенскиот митрополит Сергиј – 1645, корчанскиот митрополит Гаврил – септември 1646 и костурскиот митрополит Кипријан – 1651). Тоа биле економски тешки години на сиромаштија и задолженост на Охридската архиепископија, поради што побарал материјална помош од рускиот патријарх и од рускиот цар за откуп на заложените црковни драгоцености. Има претпоставки дека повторно бил избран за архиепископ (1651). ЛИТ.: Иван Снегаров, Историџ на Охридската архоепископиџ, т. 2. От падането $ под турците до нејното униќожение (1394-1767), Софиџ, 1931; ЈоГрамота (повелба) од поглаварот на Охридската архиепископија до Царството Русија со која се бара материјална и морална помош за македонската црква (27.Ⅶ 1645) ван Белчовски, Хронолошки список на поглаварите на Охридската архиепископија (патријаршија), „Годишен зборник“ на Богословски факултет „Свети Климент Охридски“, кн. 8, Скопје, 2002, 73; Славко Димевски, Историја на македонската православна црква, Скопје, 1989. С. Мл.