ХАМЗАЛИ–

ХАМЗАЛИ–ДРВОШ – рудник на фелдспати, кој се наоѓа во атарот на село Хамзали, Струмичко. Рудната област е претставена со чести жици, леќи и неправилни тела на метасоматски леукократни крупнозрнести албитски гранити лоцирани во крупнозрнестите биотитски гранити. Овие рудни тела се бели албитски гранитоиди, познати под името „натриски фелдспат“. Тие содржат околу 80% албит со околу 3% анортитска компонента. Покрај овие тела на албитски гранити, присутни се и помали маси, кои се делумно истражувани или не се ни истражувани. Хемискиот состав на рудата е: СиО околу 65%, Ал О 18–19%, КО 2 232 0,4%, Фе О 0,1–0,2% На О 9–10%. 23 23 Рудните резерви се проценуваат на повеќе милиони тони. ЛИТ.: Милорад Стојановиќ, Наоѓалишта на неметални минерални суровини во Македонија, Скопје, 2005. Т. Сер.