ФОНД ЗА МАГИСТРАЛНИ И РЕГИОНАЛНИ ПАТИШТА НА РМ, СКОПЈЕ

ФОНД ЗА МАГИСТРАЛНИ И РЕГИОНАЛНИ ПАТИШТА НА РМ, СКОПЈЕ. Основан е под тоа име во 1996 г. Од Технички секции (1948 г.), прераснува во Републичка дирекција за патишта (1957), Републички фонд за патишта (1962), СИЗ (Самоуправна интересна заедница) за патишта (1974), РСИЗ за патишта (1980), а од 1996 г. станува Фонд за магистрални и регионални патишта. Задолжен е за надзор и следење на динамиката за изведување на планираните работи и врши техничка и финансиска контрола на изведените работи и материјали. Работите ги врши преку сектори и одделенија. ЛИТ. и ИЗВ.: Патиштата во Македонија 1945 – 1988, монографија; Закон за јавни патишта. Р. Д.