ФИРФОВ, Живко

ФИРФОВ, Живко (Велес, 20. Ⅺ 1906 – Скопје, 21. Ⅶ 1984) – етномузиколог и композитор. Музичка школа учел во Белград, а подоцна студирал композиција кај Ј. Славенски и Ј. Арбатски. По Ослободувањето вршел низа одговорни должности во Скопје: шеф на Отсекот за уметност во Одделението за култура и уметност Живко Фирфов при АСНОМ; шеф на Отсекот за народна музика во Радио Скопје; еден од основачите и прв уметнички директор на ансамблот „Танец“; шеф на Одделението за народна музика во Институтот за фолклор, а подоцна и негов директор. Бил дописен член на Меѓународното фолклорно друштво ИФЦМ во Лондон. Својата главна преокупација ја наоѓа на поле-то на фолклорот. Особено се истакнува како собирач, мелограф и толкувач на македонскиот музички фолклор. Собрал и мелографирал над 7.000 народни мелодии, дел од кои се објавени во збирките „Македонски музички фолклор“, 1 (1953) и 2 (1964). Објавил и поголем број други стручни трудови: „Метричките особини на македонската народна музика“ (1951), „Дијафонијата на македонската народна музика“ (1958), „Македонските мелографи од крајот на ⅩⅠⅩ век“ (1963), „Македонските мелографи од крајот на ⅩⅠⅩ век“ (1963) и др. Оставил десетина композиции (најпознати се хорскиот циклус „Хуморески“, 1–3 и „Дротар“). Б. Орт. Милан Фирфов