ФИЛОТЕЈ

ФИЛОТЕЈ (Негуш, ⅩⅤⅠⅠ–ⅩⅤⅠⅠⅠ в.) – јеромонах, охридски архиепископ (16. Ⅶ 1714 – 6. Ⅶ 1718), а потоа лишен од архиерејски и свештенички чин (4. Ⅱ 1719) и пратен во прогонство. Бил авантуристички самоволник што ја злоупотребувал својата положба. Во неговото време се засилило патријаршиското влијание, па без негова дозвола, цариградскиот патријарх Еремија Ⅳ, со помош на фанариотите, раководел некои јужни епархии. Поради незадоволството од неговото управување, десет епархиски архиереи свикале црковен собор во с. Маврово (Костурско), при што тој бил сменет и назначен за корчански митрополит, на местото на новоизбраниот охридски архиепископ Јоасаф Ⅳ. Во настојување да се врати на тронот, наклеветил видни охридски првенци, поради што бил лишен од архиерејски и свештенички чин. Снабден со пасош од рускиот амбасадор во Цариград Дашков, пристигнал во Москва (6. И 1722), а подоцна се обратил со молба за материјална помош од грофот Г. И. Головин (6. И 1722). Од рускиот император Петар Велики побарал 6.000 рубли и ја добил на управување Смоленската епархија. По кратко време бил обвинет за докажано расипништво и користољубие (4. Ⅶ 1722) и се спасил со простувањето од императорката Екатерина И. ЛИТ.: Иван Снегаров, Историџ на Охридската архоепископиџ, т. 2. От падането $ под турците до нејното униќожение (1394–1767), Софиџ, 1931; Јо-ван Белчовски, Хронолошки список на поглаварите на Охридската архиепископија (патријаршија), „Годишен зборник“ на Богословски факултет „Свети Климент Охридски“, кн. 8, Скопје, 2002, 76.; Славко Димевски, Историја на македонската православна црква, Скопје, 1989. С. Мл.