ТРПЕНОВСКИ, Бранко Леонидов (Охрид, 3. И 1934 – Скопје, 25. Ⅴ 2005) – математичар, ред. проф. (1974) на Машинскиот факултет. Дипломирал математика на Филозофскиот факултет во 1957 г. Докторирал (1964) на ПМФ во Загреб со темата „Прилог кон теоријата на н-полугрупите“. Тој е автор или коавтор на научни трудови од областа на алгебрата, на учебници за високото и средното образование, како и на повеќе стручни трудови, а е заслужен и за воведувањето и развојот на теоријата на веројатноста и математичката статистика во наставата на Универзитетот во Скопје. Бил декан на ЕМФ, ректор на Универзитетот во Скопје два мандата, ментор на докторанти, имал голем број општествени функции, бил амбасадор на СФРЈ во Бразил. БИБ.: Ѓ. Чупона, Б. Трпеновски, Н. Целакоски, Предавања по виша математика, кн. И -Ⅲ, 1971–72; Ѓ. Чупона, Б. Трпеновски, Предавања по алгебра Ⅱ, 1973; Б. Трпеновски, Н. Целакоски, Елементи од нумеричката математика, 1978; Б. Трпеновски, Н. Целакоски, Ѓ. Чупона, Виша математика, кн. И-Ⅳ, 1993–1995. ЛИТ.: ПМФ 1946-2006, монографија, Скопје, 2006; БУ бр. 554 /’91; Природноматематички факултет – Скопје 1946–1996, Скопје, 1996, стр. 120; 60 години Природно-математички факултет – Скопје, Скопје, 2006, стр. 135. Н. Ц. Борис Трпков