ТИКВЕШКО ЕЗЕРО

ТИКВЕШКО ЕЗЕРО – вештачка акумулација во долината на Црна Река. Изградена е во близина на селото Возарци, 12 км од Кавадарци. Браната е земјено-насипна, со глинено јадро и со нафрлан камен. Должината на круната изнесува 338 м, широчината 10 м, а височината 105 м. Максималната должина на езерото е 28 км, а најголемата широчина 700 м. При нормално ниво зафаќа површина 2 од 14 км , и е најголемата вештачка акумулација во Републиката. Во акумулациониот базен просечно годишно се акумулираат околу 3 475.000.000 м вода, од која 3 360.000.000 м претставуваат корисни води. Се користи за наводнување на 23,975 ха обработливи земјоделски површини во Тиквешката Котлина, за производство на електрична енергија, за риболов, како и за спорт и рекреација. ЛИТ.: Александар Стојмилов, Физичка географија на Република Македонија, ПМФ, Скопје, 2002. Др. В. Тикви