ТАНЕСКИ, Борис

ТАНЕСКИ, Борис (с. Пештани, Охрид, 28. Ⅴ 1943) – град. инж., директор на Заводот за испитување материјали и развој на нови технологии „Скопје“ во Скопје (од 1978). Во Заводот работи од 1971 г. во реализација на многубројни објекти во земјава и во странство, а како добар организатор е заслужен за развојот и враќањето на Заводот во рамките на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Љ. Т.