СУЛИ-АН

СУЛИ-АН (Скопје, ⅩⅤ в.) – споменик на културата. Подигнат од Исхак-бег, вториот османлиски управник на Скопје, познат под името Стар ан. Името Сули (тур. сулу – воден) го добил подоцна по реката Серава, покрај него. Има површина од 2.101 м², со трем потпрен на 18 камени столба. Бројот на просториите на двата спрата порано изнесувал 57. Престанал да ја врши својата функција кон крајот на ⅩⅠⅩ в. Денес во него е сместен Факултетот Сули-Ан во Старата скопска чаршија за ликовни уметности и Музејот на Скопската чаршија. ЛИТ.: Лидија Кумбараџи-Богоевиќ, Османлиски споменици во Скопје, Скопје, 1998; Др. Хасан Калеси, Најстарији вакафски документи у Југославији на арапском језику. Приштина, 1972; Аѕверди Екрем Хакки, Аврупа’да Османлý Мимарý Есерлери. „Ѕугославѕа“, ллл цилд, 3. китаб, Ýстанбул, 1981. Др. Ѓ.