СУД ЗА СУДЕЊЕ ДЕЛ ПРОТИВ МАКЕДОНСКАТА НАЦИОНАЛНА ЧЕСТ

СУД ЗА СУДЕЊЕ ДЕЛ ПРОТИВ МАКЕДОНСКАТА НАЦИОНАЛНА ЧЕСТ – политички суд, основан надвор од правниот систем на ДФ Македонија, за дела што не биле предвидени во законодавството, а направени во војната, основан со Решение на Второто заседание на АСНОМ (30. ⅩⅠⅠ 1944). Можел да ги изрекува следниве казни: одземање на националната чест, одземање на граѓанската чест, принудна работа и конфискација на имотот. Решил околу 1.500 предмети. Бидејќи имал политички карактер, доказната постапка не била битна. Со неговите решенија не биле исклучени политички пресметки со неистомислениците. ЛИТ: Зборник документи АСНОМ, т. И, кн. 2. Избор и редакција д-р Александар Христов, д-р Миле Тодоровски, д-р Новица Велјановски, Скопје, 1984. Н. В.