БЕЛЧЕВ, Костадин (с. Цапари, Битолско, 1874 – Софија, 19. Ⅳ 1945) – учител, учесник во Илинденското востание, битолски војвода. Во текот на мај 1902 г. бил затворен и лежел во османлискиот затвор Катилане во Битола. Во Илинденското востание предводел чета. Потоа станал свештеник и ѓакон при Бугарската егзархија во Цариград. ИЗВ.: ЦДА, ф.: 933, оп. 1, а.е. 95, л. 269. Ал. Тр. Јован Белчовски