СТОЈАНОВ, Крум

СТОЈАНОВ, Крум (Скопје, 6. Ⅲ 1917 – Скопје, 4. ⅩⅠⅠ 1996) – драм-ски актер и режисер. Го посетувал Студиото на уметничкиот театар во Белград (1939-1941). Станал актер во Народниот театар во Скопје (1942-1944). Еден од основачите на Македонскиот народен театар и во Горна Џумаја (Благоевград, Бугарија). Бил член на Драмата на МНТ (1945-1952 и 19611964), а од 1964 г. до пензионирањето актер во Драмскиот театар во Скопје. Бил актер и во белградското Драмско позориште (19521961). За него критиката пишува дека е еден од најголемите актери на овој дел од светот, дека тој не само што поседува изворен талент, туку има извори во душата. УЛОГ: Стјопа („Платон Кречет“), Валер („Тартиф“), Орландо („Како што милувате“), Петар („Малограѓани“), Генерал („Ученикот на ѓаволот“), Хенри Хи-гинс („Пигмалион“), Нушиќ („Автобиографија“), Порфириј („Злочин и казна“), Спасое („Покојник“), Каин И и Ⅱ („Патритурата за еден Мирон“), Бог („Адам и Ева“), Тоде Мудрецо („Јане Задрогаз“), Ел Илустримо („Карипскиот министер“), Димитрие („Диво месо“) и др. РЕЖИИ: „Големиот нож“ (и сценографија), „Манде“, „Крвави свадби“, „Физичари“, „Дундо Марое“, „Бумеранг“. Р. Ст. Петар Стојанов