СТИБЕРА

СТИБЕРА (Стѕберра), с. Чепигово – антички град, чии што остатоци лежат на 16 км. западно од Прилеп, над вливот на реката Блато во Црна Река (Еригон). За градот најстар е податокот на Полибиј, а подетални податоци за него даваат Т. Ливиј и Страбон, кој вели дека Стибера лежи на реката Еригон и припаѓа на Дериопите. Од старите итинерариуми се дознава дека Стибера лежи на па-тот СтобиХераклеја. Во Табула Поитингеријана станицата Стибера е испуштена, меѓутоа, кај географот Равенацки таа е забележена како Истубера по овај Бедем & Стѕберра, с. Чепигово, од откривањето на Гимназионот (1957) редослед: Еристион, Церамиј, Истубера, Хераклеја. Со археолошките истражувања на ридот „Бедем“ се откриени делови од градскиот бедем, храмот на богинката Тихе и делови од комплексот Гимназион. Градскиот бедем, чии остатоци се откриени во северниот и западниот дел од ридот, е ѕидан од кршен локален камен во сувоѕид, со шир. 3,00 м. Храмот на богинката Тихе – заштитничка на градот, е со димензии 10 × 10 м солидно изѕидан со масивни ѕидови од кршен камен, тули и варов малтер. Има централна полукружна ниша во источниот и бочни ниши во јужниот и северниот ѕид, во кои се сместени дародавни натписи. Во храмот се најдени портретни бисти на Орест и Филоксен – татко и син, заслужни граѓани на градот и култна скулптура на богот Бахус-дете. Натписот во централната ниша зборува за об-нова на храмот во Ⅱ в. н. е. со средства подарени од Антестија Фуска. Од комплексот Гимназион се истражени објектите: перистилот со атриумот, полукружната екседра, хероонот и теменос, кои зафаќаат простор ок. 1000 м 2. Во објектите хероон и теменос, кои од источната страна лежат врз остатоците од бедемот, се откриени најголемиот број мермерни споменици со натписи и култна и портретна мермерна пластика. Во Стибера се најдени 28 споменици со натписи со имиња на ефеби, имиња на богови и имиња на дона-тори и 27 статуи од култна и портретна пластика. Од култната мермерна пластика се откриени статуи на боговите Асклепиј, Хермес и Бахус, а од портретната – статуи на жени од типот херкуланки, на мажи – космети, торза од ефеби, една императорска и една статуа на македонијарх – граѓанин на Стибера. Мермерната пластика припаѓа на раниот рим-ски период. Од движниот археолошки материјал најчести се наодите од фрагменти од керамички садови од хеленистичкиот и раниот римски период. Градот Стибера својот процут го доживеал во Ⅱ в. н.е. Неговите почетоци се во Ⅳ в. п.н.е, а животот во него згаснал во втората половина на Ⅲ в. н.е. ЛИТ.: Н. Вулиђ, „Споменик САН“, ЏЦВИИИ, Београд, 1941–1948, 184–189; Д. Вучковиђ-Тодоровиђ, Стѕберра – античное поселение в селе Чепигове в окресностях Прилепа, „Арцхаеологиа Иугославица“, Ⅳ, Београд, 1963, 59–101; Л. Кепеска – К. Кепески, Истражувања на секторот „В“ Стибера, „Мацед. ацта арцхаеол.“, 11, Скопје, 1990, 161–170. К. Кеп.