СРНА

СРНА (Цапреолус цапреолус) – парнокопитен цицач од фамилијата елени (Цервидае), со должина на телото до 120 цм и тежина до 35 кг. Кај нас се среќава во ридскопланинските ре-Срна гиони. ЛИТ.: С. Петковски –Б. Крѕстуфек, Цицачи на Македонија, Скопје, 1998; А. Ј. Митцхелл-Јонес, Г. Амори, Њ. Богдановицз, Б. Крѕстуфек, П. Ј. Х. Реијндерс, Ф. Спитзенбергер, М. Стуббе, Ј. Б. М. Тхиссен, В. Вохралик, Ј. Зима, Тхе Атлас оф Еуропеан Маммалс, Лондон–Сан Диего, 1999. Св. П. – В. Сид. СРОДСТВО – културно дефинирани односи помеѓу индивидуите, обично воспоставени низ фамилијарни врски, но и преку сродство со брак или по млеко. Во сродството по брак или сватовство доаѓа до социјално здружување преку две личности, со кои се поврзуваат и сите членови на нивните потесни и пошироки семејства. Сродството по млеко, пак, е духовно сродство, настанато како резултат на задојувањето на новородено дете од страна на друга жена, а не од неговата мајка. В. П.