СПОМЕН-ЦРКВИ

СПОМЕН-ЦРКВИ – сакрални објекти (цркви), изградени како задужбини или во спомен на одредени историски настани. Најчесто почитуваат архитектонска логика и просторна иконографија целосно преземена од црковното градителство. Во Македонија, поради специфичноста на општите историски состојби, овој вид објекти во најголем број се градени во периодот меѓу двете светски војни (1919-1940). К. Гр.