СОТИРОВИЌ

СОТИРОВИЌ (СОТИРОВСКИ), Кузман (с. Стенче, Тетовско, 1908 – Париз, 1990) – фудбалер. Играл Кузман Сотировиќ фудбал во Белградскиот спорт-ски клуб (БСК), кој четирипати го освојувал првенството на Југославија (1923–1941). Бил најдобар стрелец во Првата лига во 1927 г., со седум гола. Според досегашните сознанија, тој е прв спортист од Македонија што станал репрезентативец на Југославија (1928–1931), за која играл петпати и дал два гола на натпреварот Југославија–Романија 3:1 (3:0) во Белград (6. Ⅴ 1928). Бил прв учесник и на Олимписките игри во Амстердам (1928). По поразот од Португалија со 2:1, Југославија отпаднала од натамошните натпреварувања. ЛИТ.: Перо Златар, Звоне Морнар и Роман Гарбер: На 5 континента, 1920–1962, Загреб, 1962. Д. С. Никола Сотировски