СОЛУНСКО ЦАРСТВО

СОЛУНСКО ЦАРСТВО (ДЕСПОТСТВО) – епирска држава, прогласена за царство (1225/1226), откако епирскиот владетел Теодор И го зазел Солун (1224) и го ликвидирал Солунското латинско кралство. Бил крунисан од Охридскиот архиепископ Димитриј Хоматијан, со претензии тој да се претстави како наследник и обновувач на Византија. Подем бележело до битката кај Клокотница со поразот на Теодор (1230), а власта ја презел Маноил, кој државата ја задржал на територијата: Солун – Тесалија – Епир. Наследникот Јован Ангел бил принуден од страна на никејскиот владетел Јован Ⅲ Ватац да се откаже од царската круна и да ја прифати титулата деспот (1242), а државата да стане деспотство. Последниот владетел, деспотот Димитриј (син на Теодор И), по воените неуспеси, градот Солун му го предал без борба на Јован Ватац (декември 1246). Како заробеник бил одведен во Мала Азија и со тоа солунската држава престанала да постои. ЛИТ.: Д. М. Ницол, Тхе Деспотате оф Епирос, Оџфорд, 1957; К. Аџиевски, Првите никејски освојувања во Македонија и ликвидирање на Солунското царство, „Историја“, ⅩⅠⅩ/1, Скопје, 1983. Б. Петр.