АГАТАНГЕЛ, митрополит (Атанас Станковски) (Скопје, 11. Ⅲ 1955) – архиереј на Македонската православна црква. Пред да прими монаштво бил свештеник на парохиска должност. Завршил Македонска православна богословија (1975/76) и дипломирал на Богословскиот факултет во Скопје (1995), ракоположен за ѓакон на 7. И, на 9. Ⅰ 1979 г. за свештеник, а за протоереј бил произведен во 1988 г. Парохиски свештеник бил во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи” во Чаир, а во Австралија во „Св. Богородица” во Бризбејн, во „Св. вмч. Димитриј” во Спрингвел и во „Св. Никола” во Престон, извесно време бил и архиерејски заменик за Австралија. По враќањето во Македонија бил парохиски свештеник во црквите „Св. вмч. Димитриј” и „Св. Климент Охридски” во Скопје. Работел и како референт на АУО, на Богословскиот факултет и во Синодот. Се замонашил на 5. Ⅱ 1998 г., на 24 јуни бил избран, а на 12 јули ист. година хиротонисан за викарен епископ на Скопската митрополија, со титула Епископ велички. На 13. Ⅱ 2000 бил избран и востоличен за Митрополит повардарски. Од 2002 до 2006 бил Брегалнички митрополит, а од 1. Ⅹ 2006 повторно Митрополит повардарски. Неколку години ја раководи и Македонската православна богословија во Драчево (Скопско) и ХО „Ѓаконија”. ЛИТ.: Ратомир Грозданоски, Стефан Архиепископ Охридски и Македонски, Скопје, 2000. Рат. Гр.