СКАКУЛЦИ

СКАКУЛЦИ (Салтаториа) – правокрилни инсекти. Имаат силно развиени задни нозе, дебели и вдолжени, приспособени за скокање, по што и го добиле името (салтаре лат. = скока). Предните крилја им се хитинизирани и кожести, а задните се тенки и склопени под предните. Усниот апарат им е приспособен за грицкање. Кај повеќето видови женките имаат долга легалица за полагање јајца во земја, а мажјаците произведуваат карактеристичен звук на црцорење. Во светот се познати преку 20.000 видови. Во Македонија најпознати се: зелениот скакулец (Теттигониа виридиссима Л.), мароканскиот скакулец (Доциостаурус мароццаницус Тхунб.), италијанскиот скакулец (Цаллиптамус италицус Л.), домашниот попец (Грѕллус доместицус Л.), полскиот попец (Грѕллус цампестрис Л.), шумскиот попец (Немобиус сѕлвестрис Босц) и ровецот (Грѕллоталпа грѕлоталлпа Л.). ЛИТ.: С. Матвејев, Ортхоптероидеа (Инсецта), Цаталогус Фауне Југославиае, Ацад. Сци. Арт. Слов., Лјублјана, 1967, Ⅲ/6: 1-47; Владимир Крпац, Бранислава Михајлова, Биодиверситѕ оф Мацедониа фром а виењ поинт оф хитхерто фаунистиц инвестигатионс. Партиципатион њитх Ундерпројецт: Класс Инсецта, Мацедониан Мусеум оф Натурал Хисторѕ – Министрѕ оф Сциенце, Финал Репорт, Скопје, 1999, 23-30; Група автори, Цоунтрѕ Стадѕ фор биодиверситѕ оф тхе Републиц оф Мацедониа (фирст натионал репорт), Министрѕ оф енвиронмент анд пхѕсицал планнинг, Скопје, 2003. В. Т. К. – М. Кр. Марија СкаловскаМирчов