СЕРИНИ, Енцо

СЕРИНИ, Енцо (Палермо, Италија, 1. И 1920 – Скопје, 11. Ⅲ 1981) – оперски певец, баритон, првенец на Операта на МНТ. Пеење учел кај К. Талефи (Италија). Дебитирал со улогата на Силвио во операта Палјачи. Извесен период е ангажиран како солист на Операта во Риека. Во Операта на МНТ работи од 1953 до 1975 г. Во својата кариера реализирал повеќе од 35 улоги главно од италијанскиот репертоар. Позначајни остварувања: Фигаро („Севилскиот бербер“), Јаго („Отело“), Ескамилио („Кармен“), Гроф Луна („Трубадур“), Жорж Жермон („Травијата“), Родриго-Поза („Дон Карлос“), Риголето и Скарпија („Тоска“), Белкоре („Љубовен напиток“). Поседувал волуминозен глас во изразито белкантистички манир и сугестивен сценски израз. Ф. М. Факсимил од Серската декларација (1918 г.)