СЕЛИМ ГИРАЈ

СЕЛИМ ГИРАЈ (1634 – 1704) – еден од најголемите кримски ханови, познат под името Хаџи Гази Селим Гирај И. Четири пати седнувал на престолот и владеел вкупно 23 години. Пишувал поезија на турски јазик, а бил познат и како заштитник на еден од најголемите турски композитори од тоа време Итри. Го задушил Карпошевото востание во Македонија (1689) и по негова наредба во Скопје бил погубен водачот Карпош. ЛИТ.: Тüрк ансиклопедиси, цилд ИИÝÝ, фасикüл: 169, Анкара, 1974,; Османлý тарихи, ЏЏЏ. цилт, 2. Кýсýм. ⅩⅤⅠ Ѕüзѕýл орталарýнда ⅩⅤⅠⅠ Ѕüзѕýл сонуна кадар, Анкара, 1995; Османлý тарихи, ⅩⅤ. цилт, 2. Кýсýм. ⅩⅤⅠⅠⅠ Ѕüзѕýл, Анкара, 1995. Др. Ѓ. Јакуп Селимовски