СЕЛЕВКИДИ

СЕЛЕВКИДИ (312–64 г. пр.н.е.) – македонска династија. Владеела во Азија по смртта на Александар Ⅲ Македонски с“ до римските освојувања. Основач бил Селевк И Никатор (Победник) (312–281), еден од блиските соборци – хетајри на Александар Македонски. Нивната држава се наоѓала во југоисточниот дел на Мала Азија и Северна Сирија, затоа кралството се нарекувало и Сириско Кралство. Во првите 100 години ги оп-фаќало земјите од Мала Азија и Бабилон с“ до Индија. Во Ⅱ в. пр.н.е. територијата на кралството била сведена на Северна Сирија и Киликија. Позначајни владетели од оваа династија се: Антиох И Сотер (281–261), Антиох Ⅱ (261– 246), Селевк Ⅱ (246–226/7), Антиох (241–228). Во 64/3 г. пр.н.е. по римските освојувања кралството станало римска провинција (Провинциа Сѕриа). ЛИТ.: Ф. Папазоглу, Историја на хеленистичкиот период, Скопје, 1995; Историја на македонскиот народ, 1, Скопје, 2005; Р. Илјовски, Кој и кога владее со Македонија, Скопје, 2003. А. шук.