СВЕТИ КОНСТАНТИН

СВЕТИ КОНСТАНТИН“ – манастирска црква во близина на с. Свеќани (Велешко). Истражувањата извршени во 1965 г. укажуваат на три фази на градбата. Во првата фаза била изградена еднокорабна црква со ниска полукружна апсида од надворешната страна, без купола. Во втората фаза била обновена, со значително продолжување на коработ кон запад. Во третата фаза бил изграден јужниот кораб со тристрана апсида. Во урнатините на првобитната црква е откриен фрагмент или дел од натпис на кој бил испишан збор со глаголски и со кирилски букви. Врз основа на тој податок се смета дека првобитната црква датира од крајот на Ⅸ до средината на Ⅹ в. На ѕидовите се откриени два слоја фрескоживопис. Првиот се врзува за времето на изградбата (Ⅹ в.), а вториот за ⅩⅤⅠⅠⅠ в. „