СВЕТИ ДИМИТРИЈА

СВЕТИ ДИМИТРИЈА“ – црква во с. Варош (Прилеп)1. Комплекс од повеќе градби од различни временски периоди, кои имаат заедничка припрата. Средишната црква има купола изградена врз дванаесетстран тамбур. Објектите се градени со приделкани камени блокови, со тули и со малтер, со јасно изразена тенденција фасадите да бидат украсени со керамопластична декорација. Не е познато кога била изградена првобитната црква, но врз основа на стилските карактеристики на архитектурата се смета дека таа настанала во ⅩⅤⅠⅠⅠ в. Фрескоживописот датира од крајот на ⅩⅤⅠⅠⅠ или ⅩⅣ в., а средствата за живописување ги обезбедил прилепскиот големец Димитриј Мисинополит. Авторот на фрескоживописот не е познат. Дека црквата постоела во првата половина на ⅩⅣ в. покажува повелбата издадена од Црквата „Св. Димитрија“, с. Варош (ⅩⅤⅠⅠⅠ-ⅩⅣ в.) „СВЕТИ ДИМИТРИЈА“ С цар Душан во 1335 г., со која се потврдува дека црквата припаѓа кон манастирот Трескавец. Од иконите се зачувани „Царските двери“, работени во резба (ⅩⅤ или почеток на ⅩⅤⅠ в.). ЛИТ.: В. Петкови¢, Преглед црквених споменика кроз повесницу српског народа, Београд 1950; В. Ј. –ури¢, Византијске фреске у Југославији, Београд, 1974, 16; Б. Бабиќ, Културно богатство на Прилеп од Ⅴ до ⅩⅠⅩ в., Белград, 1976, 12. К. Б.