БАЛНЕЈ ОД БАНСКО

БАЛНЕЈ ОД БАНСКО – единствениот балнеум (термално лекувалиште) од античкиот период во Македонија, откриен во 1978 г. и археолошки истражен до 1995 г., на локалитетот Турска Бања Панаѓур во село Банско (Струмичко). Комплекс од 10 простории на површина од 1.000 м². Ѕидовите што се сочувани во височина од 2 до 6,70 м се ѕидани главно во опус миџтум техниката, а озгора пресводени со обични сводови, крстест свод и со полукалотест конхален свод. Централната сала е со голем базен поплочен со квадратни тули, до кој се доаѓа преку 4 скалила, што се снабдува со топла вода од изворот Парило. ЛИТ.: Ј. Ананиев, Прелиминарен извештај од археолошкото ископување на локалитетот Турска Бања – Панаѓур, село Банско кај Струмица 1978–1987, Зборник на трудови, Струмица, 1989, 333–349. В. Л.