САРАЦЕНСКАТА МИСИЈА на св Константин Кирил. (851 или 855/ 856) – религиозно-политичка мисија меѓу Арабите (Сарацените) во заштита на христијанството од мухамеданската религија масовно прифаќана од Сарацените. Главно теолошко прашање во полемиките на Константин-Кирил било толкувањето на единството на Светото тројство: Отецот, Синот и Светиот Дух. Мисијата го одбранила достоинството на христијанството и на византиските интереси на Исток. ИЗВ.: Панонски легенди, превод Р. Угринова-Скаловска, Скопје, 1969; Панонски легенди, превод Ј. Таковски, Скопје, 2001. ЛИТ.: Б. Панов, Мисијата на Константин-Кирил меѓу Сарацените (Арабите), „Историја“, 1, Скопје, 1984; Х. Поленаковиќ, Во мугрите на словенската писменост, Скопје, 1973; И. Велев, Византиско-македонски книжевни врски, Скопје, 2005, 232-234. И. Вел. Димко СарвановМогилчето