САЛИХ, Наџи Сулејман (Охрид, 25. И 1920 – Скопје, 13. Ⅲ 1975) – столар, резбар и политички деец. Првин го изучил столарскиот занает, а потоа ја завршил и Резбарската школа во Охрид. По фашистичката окупација емигрирал во Албанија, каде што се вклучил во НОД. Подоцна пристигнал на територијата на Западна Македонија и станал борец на Првата македонско-косовска НОУ бригада (ноември 1943). По Ослободувањето работел во органите за државна безбедност (1946–1967), бил пратеник во Собранието на СРМ (1967–1974 и член на Претседателството на СРМ (1974– 1975). С. Мл. Благоја Самакоски