САЗ

САЗ – жичен музички народен инструмент од типот тамбури со ориентално потекло. Тонот се добива со удар на жиците со перце. Тој има голем полукружен корпус и релативно краток врат, слично како кај утот (лаутата), а разликата помеѓу нив е што сазот има метални прагови на вратот, а утот ги нема. На него се свири и самостојно, но уште почесто се музицира во инструментални состави. ЛИТ.: Д-р Александар Линин, Народните музички инструменти во Македонија, Скопје, 1986, 43. Ѓ. М. Ѓ. Томе Саздов