САВИЦКА, Ирена

САВИЦКА, Ирена (Сањицка, Ирена) (Варшава, Полска, 20. Ⅸ 1944) – полски лингвист, славист, балканист, фонетичар, фонолог, ав-тор на десетина книги и над двесте статии главно од областа на словенската фонетика и фонологија. Коавтор (со Љ. Спасов) на Фонологија на македонскиот стандарден јазик (Скопје, 1997), автор на теоријата во рамките на којашто е напишана книгата, и коавтор (со Б. Видоески и З. Тополињска) на томот 2. Прозодија (Скопје, 2000) во рамките на серијата Македонско-полска граматичка конфронтација. Таа го има определено и образложено местото на мак. јазик во рамките на словенската фонетска и фонолошка типологија, а 10 нејзини статии се посветени само на македонистичката проблематика. З. Т. Елисавета Савченко