РАТЕВО

РАТЕВО – вештачка акумулација на Ратевска Река. Се наоѓа 6 км југоисточно од Берово, изградена во 1971 г. Браната е лачногравитациона бетонска, со должина на круната од 194 м, широчина 1,5 м и височина над теренот од 53 м. Котата на максималното ниво на акумулацијата е на височина од 985,75 м, на нормалното ниво на височина од 984 м, а на минималното ниво на височина од 955,5 м. Најголемата должина на езерото при кота на нормално ниво е 2,5 км, широко е 0,5 км и зафаќа по2 вршина од 0,67 км . Вкупната зафатнина на водата во езерскиот 3 базен изнесува 10.300.000 м , од 3 која 9.000.000 м е корисна зафатнина. Се користи за наводнување на околу 3.000 ха обработливи земјоделски површини во Малешевската Котлина, потоа за кафезно производство на калифорниска пастрмка, како и за спорт-ски риболов и рекреација. Др. В. РАТНИЦИ ЗА НАПРЕДОК НА БУГАРШТИНАТА (РНБ)