ПРЛИЧКО, Петре

ПРЛИЧКО, Петре (Велес, 13. Ⅲ 1907 – Скопје, 16. Ⅺ 1995) – театарски и филмски актер, режисер, еден од основачите на МНТ и на Куклениот театар во Скопје. Кариерата ја започнал како ученик во патувачки театар. Променил повеќе патувачки театри, а во 1931 г. основал свој, „Боем“. Од 1939 г. е актер во Народното позориште во Скопје и во Театарот во времето на Втората светска војна (1941-1944), а од 1944 г. дејствува во трупата „Кочо Рацин“ на слободната територија. Во неговиот богат опус се истакнуваат комичните ликови, но има значајни остварувања и во други жанрови. Бил директор на Драмата на МНТ (1970-1973). ПОЗНАЧАЈНИ УЛОГ: Јеротие („Сомнително лице“); Агатон („Нажалена фамилија“); Арсо („Чорбаџи Теодос“); Митке („Коштана“); Фезлиев („Црнила“); Градоначалникот („Ревизор“) и др. Режии: „За родниот кат“; „Бегалка“; „Д-р“; „Кузман Капидан“; „Антица“; „Печалбари“, како и куклените претстави „Силјан штркот“; „Цане ламјата“ и др. Настапил во филмовите: „Фросина“; „Волча ноќ“; „Мирно лето“; „Мис Стон“; „Солунски атентатори“ и др. Р. Ст.