ПОПОВСКА-ЦВЕТА, Анка

ПОПОВСКА-ЦВЕТА, Анка (Еново, Горноџумајско, 20. Ⅷ 1920 – с. Лисија, Горноџумајско, 29. И 1944) – партизанка на Горноџумајскиот партизански одред „Никола Калапчиев“. Била член на РМС, до нејзиното излегување во партизани (летото 1943) учествувала во акциите за помош на политичките затвореници, на партизаните и на нивните семејства. Загинала во борбата кај Лисија. ИЗВ.: Мара Междуречка, Партизанското движење во Пиринска Македонија. Сеќавања, ИНИ, Одделение за документација „Д-р Велимир Брезовски“, Скопје. ЛИТ.: Георги Т. Мадолев, ВÍорÍжената борба в Пиринския краŸ 1941–1944, София, 1966. В. Јот.