ОСМАНЛИ, Димитрие (Битола, 29. Ⅴ 1927 – Скопје, 13. Ⅲ 2006) – филмски, театарски и телевизиски режисер, сценарист и педагог. Првите контакти со филмот и кинематографијата ги остварува со помош на Милтон Манаки, балканскиот филмски пионер. Филм-ска и театарска режија завршува на Академијата за театарска уметност во Белград (1953), а постдипломски студии (1962) на Институтот за високи кинематографски студии во Париз. Долги години работи како театарски, телевизиски и филмски режисер. Бил професор и декан на Факултетот за драмски уметности, каде што предавал актерска игра. Покрај четирите играни филмови, има реализирано и дваесетина документарни, како и повеќе од дваесет телевизиски остварувања. Тој е режисер на првата комедија во македонската кинематографија „Мирно лето“ (1961). На полето на театарската уметност неговиот придонес е исто така значаен, има режирано преку триесет и пет театарски претстави низ теат-рите во Македонија. Автор е и на две публикувани книги на снимање: „Екселенции мирно“ и „Ангели на отпад“. Иг. Ст. Томислав Османли