НИКОЛИЌ, Драган

НИКОЛИЌ, Драган (Никшиќ, Ц. Гора, 12. ⅩⅠⅠ 1933 – Скопје, 11. ⅩⅠⅠ 2006) – новинар и писател. Дипломирал на Филолошкиот факултет во Белград. Од 1960 г. дописник на „Борба“ од Скопје, уредник за СРМ (1970). Од 1992 г. дописник на „Наша борба“ од РМ. Колумнист на „Утрински весник“ (1999), во периодот 1994/99 г. основач и уредник на емисијата за српски јазик „Видик“ на МТВ. Романи на српски: „Спасувања“, „Дим“, „Куки“, „Улиште“, „Црногорска трилогија“, зборник на објавени колумни „што ни се случуваше“ (2006). Сценарија за играни филмови: „Убавината на порокот“, „Искушување на ѓаволот“ и „Во име на народот“. Б. П. Ѓ. НИКОЛИЌ, Михаило Јованов