АТАНАСОВ-ИНЏЕТО, Иван

АТАНАСОВ-ИНЏЕТО, Иван (с. Ватрена, Демирхисарско, Серско, ок. 1846 – с. Црвиште, Дупничко, 11. Ⅳ 1896) – малешевски војвода. Учествувал во Руско-османлиската војна (1877/1878) како доброволец во IX доброволечка (ополченска) чета. Активно учествувал во Кресненското востание (1878/ 1879) како војвода со чета на десниот брег на реката Струма, како војвода во Разлошкото востание, како и во Српско-бугарската војна (1885) во единиците на бугарската војска. По 1895 г. дејствувал со чета во Малешевско и во Поројско. ИЗВ. иЛИТ.: ЦДА, ф.: 173, оп. 6, а. е, 663, лл. 34-42; А. Трајановски, Нови сознанија за животот и дејноста на војводата Иљо Марков-Малешевски (1805–1898). зб.: Иљо Марков-Малешевски и неговото време, Берово, 2002, 5-35. Ал. Тр.