МУРАТИ, Џеладин (с. Џепчиште, Тетовско, 15. Ⅱ 1942) – педагог, универзитетски професор. Завршил учителска школа во Скопје, педагогија на Филозофскиот факултет во Скопје (1969), магистерски студии на Филозофскиот факултет во Белград (1978), а со докторат на педагошки науки се стекнал на Универзитетот во Приштина (1984). Работел како учител; бил директор на Заводот за унапредување на предучилишното и основното воспитание и образование во Тетово; и професор на Педагошката академија во Скопје. За редовен професор на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје е избран (1999) по предметите Општа педагогија и Методологија на педагошките истражувања. Бил пратеник во Собрание-Султан Мурад И то на РМ, а ја вршел и функцијата потпретседател и член на Советот за безбедност. Автор е на околу 150 стручни и научни трудови со разновидна педагошка тематика, меѓу кои и на учебниците: „Општа педагогија“ и „Методологија на педагошките истражувања“ (1998), на албански јазик. БИБ.: Проблеми на педагогијата, 1992; Прилози за образованието, наставата и училиштето, 1996; Аспекти на системот на образованието во Македонија, 1997 (на албански јазик) и др. К. Камб. Марија Муратовска-Наумовска