МИХАИЛОВА-БОШНАКОСКА, Гордана (Битола, 1 Ⅸ 1940) – поетеса, раскажувачка, романсиерка, есеистка и преведувачка. Работниот век го минала како уредник во Македонската телевизија. БИБ.: стихозбирки: Времето го нема, Ск., 1965; Писма, Ск. 1974; Влегување во Делта, Ск. 1981; Нордиски љубовници, Ск., 1993; Њујорксон, Ск., 1993; Планини од картонски кутии, Ск., 1997; Пораки на далечините, Ск., 2001; Толкување на морето, Ск., 2008; избор поезија: Во соништата на мирните момчиња (на албански), Ск., 2000; Бесконечното, Ск., 2008; расказ: Босфорско лето, Ск., 1984; роман: Потрага по приказна, Ск., 2001. Бл. Р. Делчо Михајлов