МИРКУЛОВСКА, Милица

МИРКУЛОВСКА, Милица (Скопје, 6. Ⅹ 1965) – лингвист, полонист, македонист, професор по полски јазик и раководител на полонистичките студии на УКИМ, Скопје. Автор на педесетина трудови од областа на полската и македонската синтакса (меѓу кои и две книги), како и трудови за улогата на конфронтативниот метод во универзитетската настава по странМилица Миркуловска ски јазици. Квалификуван библиограф, составувач на Прилог кон библиографијата на македонскиот јазик 2 (2002) и 3 (2006) во издание на МАНУ. БИБ: Почеток на дејство/состојба како семантичка и граматичка категорија (врз материјалот од македонскиот и полскиот јазик), СЛПМС, 10, Скопје 2000; (со С. Каролак) Инхоатиовна видска конфигурација во македонскиот јазик, „Сла-виа Меридионалис“, 3, Њарсзања, 2000. З. Т.