МИЛЧИН, Владимир (Скопје, 19. Ⅳ 1947) – режисер и професор на ФДУ во Скопје, на Отсекот за режија, и извршен директор на Институтот „Отворено општество“ (СОРОС) на Македонија. Режисер и драматург во МНТ (1970– 1974 и 1975–1982). Завршил Факултет за драмски уметници, отсек режија, во Белград. Режира на повеќе сцени низ Македонија и во Владимир Милчин странство. Еден од основачите и режисер на проектот Театарот кај Свети Никита Голтарот; „Зелена гуска“ и др. Режии: „Балада за лузитанското страшило“; „Пантаглез“; „Бркотница“; „Големата вода“; „Пиреј“; „Рамна земја“; „Мртви души“; „Ангелина“; „Ревизор“; „Житолуб“; „Фарса за храбриот Науме“ и др. Р. Ст. Илија Милчин