МЕЗИЈА ГОРНА

МЕЗИЈА ГОРНА (Моесиа Супериор) – раноримска провинција со седиште во Скупи. По потчинувањето на Трибалите, територијата на Мезија била придодадена кон територијата на Македонија, под гувернерот Марко Ликиниј Крас (29-28 г. пр.н.е.). Подоцна, во 6 г. н.е, таа била издвоена, а во 46 г. н.е. оформена како посебна провинција (од Дрина, на запад, до Црно Море, на исток). Подоцна, во 46 г.н.е., кога била оформена провинцијата Тракија, Мезија е поделена на Горна и на Долна Мезија. Териториите на Горна Мезија го заземале просторот по горниот и средниот тек на р. Морава (на север) ограничена со Дунав, Дарданија (денес Косово) и Скопско-кумановскиот регион на југ. Покрај Скупи, позначајни градови биле и Наисус (Ниш), Ратијарија (Арчар), Хореум Марги (ќуприја), Муникипиум (Калиште), Виминакиј (Костолац). ЛИТ.: Ј. Сасел, Моесиа Супериор, Табула Империи Романи, К34, Лјублјана, 1976, 87; М. Цорбисхлеѕ, Л’Емпире Ромаин, Парис, 1990, 75. В. Л.