АРСОВСКИ, Љупчо

АРСОВСКИ, Љупчо (Скопје, 19. Ⅹ 1948) – дипломат од кариера. Основно и средно образование завршил во Скопје. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје Љупчо Арсовски (1972). Бил вицеконзул во Генералниот конзулат на СФРЈ во Солун (1979-84); помошник на министерот за надворешни работи на РМ (1991–1995); шеф на преговарачкиот тим на РМ за Привремената согласност за нормализација на односите помеѓу РГ и РМ (1995); прв шеф на Канцеларијата за врски во РГ (1. Ⅱ 1996) и вонреден и ополномоштен амбасадор (нерезидентен, од Атина) во Израел (25. Ⅵ 1997). Амбасадор на РМ во Букурешт (од 2008). ИЗВ.: Архива на Министерство за надворешни работи на РМ, Скопје, 2006. Т. Петр. Милан Арсовски