МАКЕДОНСКИ НАЦИОНАЛЕН КОМИТЕТ ЗА ГОЛЕМИ БРАНИ

МАКЕДОНСКИ НАЦИОНАЛЕН КОМИТЕТ ЗА ГОЛЕМИ БРАНИ – формиран по осамостојувањето на Македонија, од 1994 г. член на Меѓународната комисија за големи брани (ИЦОЛД), со седиште во Париз. Организира симпозиуми и трибини со зборници на трудови, а во октомври 1994 г. го одржал И конгрес. Има преку 100 активни членови и редовно учествува на собирите на ИЦОЛД. Публикувал речник за брани на 7 јазици ( 2004). Љ. Т.