МАКЕДОНСКИ МЕДИЦИНСКИ ПРЕГЛЕД

МАКЕДОНСКИ МЕДИЦИНСКИ ПРЕГЛЕД“ (ММП) – медицинско стручно-научно списание што го издава МЛД, како национална медицинска ревија. Првиот број е отпечатен во јули 1946 г. Прв главен и одговорен уредник бил д-р Х. Манчев. Списанието објавува стручни и научни трудови на македонските лекари. Се печати квартално, како двоброј, во 1000 примероци на македонски јазик со резимеа на англиски јазик. ЛИТ.: 60 години Македонско лекарско друштво, Скопје 2006. Д. С.-Б.