ЛУЧ (Скопје, 1. Ⅵ 1937 – 20. Ⅴ 1938) – месечно списание за културни, економски и социјални прашања. Сопственик бил Ѓорѓи Киселинов, одговорни уредници тој и д-р Б. Арсов, а било печатено во скопската печатница „Немања”. Во него соработувале Бл. Благоев, Димитар Ѓузелов, Антон Панов, Радослав Петковски, Цеко Стефанов, Попиванов, д-р Т. А. Робе, Глигор Ставридис и др. Подоцна била извршена сопственичка трансформација на списанието во акционерско друштво Списанието „Луч” на 28 лица (1. Ⅰ 1938). Излегувањето било забрането од јавниот обвинител. ЛИТ.: Д-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печат и новинарство (од првите почетоци до 1945 година), Скопје, 1980, 389-391; Д-р Боро Мокров – М-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885-1992), Скопје, 1993, 65. С. Мл.